top of page
ЗА НАС:
Здружението на класични филолози „Антика“ е здружение на професионалци и студенти коишто се занимаваат со истражување, афирмација и популаризација на научните и стручните достигнувања од областа на класичните студии, унапредување и осовременување на наставата по класичните јазици (латински и старогрчки) и класичната култура на сите степени на образованието, преведување на дела од класични автори, поттикнување и поддршка на проекти иницирани од или наменети за младите истражувачи и преведувачи итн. Активностите на „Антика“ вклучуваат: организирање на семинари и стручни советувања со дидактички и научен карактер за наставниците по класични јазици и класична култура, подготовка и организирање на научни собири, трибини и стручни и научни предавања, организирање на државни натпревари по класични јазици за учениците од гимназиите и средните стручни училишта, издавање на преводи на класични автори, монографии, зборници, учебници, речници, списанија и брошури за популаризација на класичната филологија, планирање, водење, следење и евалуација на проекти од областа на сите научни дисциплини чијшто предмет на интерес е антиката. Во 2002 година како орган на Здружението е создадено периодичното стручно списание „Systasis“ (http://www.systasis.org/), коешто денес има статус на меѓународно научно списание. Од 2004 година „Антика“ е член на европската федерација на национални здруженија на професори по класични јазици и по класична цивилизација Euroclassica (http://www.euroclassica.eu/).
Здружението „Антика“ своите активности ги реализира во соработка со Институтот за класични студии и со сродни институти при Филозофскиот и Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со Бирото за развој на образованието и со повеќе средни училишта во земјата. Активностите на „Антика“ биле поддржувани од Институтот Отворено општество Македонија, од Министерството за образование и наука, од Министерството за култура и од Швајцарската национална фондација за наука.
ПОСЛЕДНИ ПОСТОВИ:
Здружението на класични филолози „Антика“ е здружение на професионалци и студенти кои се занимаваат со истражување, афирмација и популаризација на научните и стручните достигнувања од областа на класичните студии, унапредување на наставата по класични јазици (латински и старогрчки), преведување на дела од класични автори и поттикнување и поддршка на проекти наменети за младите истражувачи и преведувачи.
bottom of page