top of page

Покана за научен собир

Здружението на класични филолози АНТИКА во соработка со Институтот за класични студии, Институтот за филозофија и Филозофското друштво на Македонија Ве поканува на учество на научниот симпозиум „ЛОГОС И ТРОПОС“.

Симпозиумот ќе се одржи на 29 мај 2017 година на Филозофскиот факултет во Скопје. Насловите и апстрактите на изложувањата треба да бидат испратени на адресата: logosandtropos@gmail.com најдоцна до 15 април 2017 година.

 ПОСЛЕДНИ ПОСТОВИ: 
Здружението на класични филолози „Антика“ е здружение на професионалци и студенти кои се занимаваат со истражување, афирмација и популаризација на научните и стручните достигнувања од областа на класичните студии, унапредување на наставата по класични јазици (латински и старогрчки), преведување на дела од класични автори и поттикнување и поддршка на проекти наменети за младите истражувачи и преведувачи.
bottom of page