Повик за учество на државен натпревар по класични јазици
- zkfmantika
- Feb 6, 2017
- 1 min read
Почитувани наставници,
ве известуваме дека Здружението АНТИКА објавува повик за учество на XLVI Државен натпревар по класични јазици за учениците од гимназиите и средните училишта од Република Македонија. Во согласност со Правилникот за организирање и изведување натпревари донесен од страна на МОН, учениците треба претходно да ги поминат општинскиот и регионалниот натпревар, за да учествуваат најпосле на Државнииот натпревар по латински и старогрчки јазик . Општинскиот натпревар ќе се одржи на 03-03-2017, регионалниот натпревар ќе се одржи на 06-05-2017, а државниот натпревар ќе се одржи во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје, на 13-05-2017 (сабота), со почеток во 10.30 чамосот. Пријавувањето може да се извршува по електронски пат на адресата наведена во поканата. За повеќе информации погледнете ја поканата.
Comentários